Репрезентацијата на Португалија освои максимални 30 бода и како репрезентација во овој циклус, ги заврши можеби најуспешните квалификации во нејзината историја.

На последниот натпревар го совлада Исланд со 2-0 со што остана под просекот од 3,6 гола на натпревар, а остана на само двата примени. Можност да ѝ се придружи со максимален ефект ќе има Франција со тоа што „триколорите“ беа во група со пет репрезентации и во овој циклус ќе имаат само осум натпревари.

 

Кристијано Роналдо не се запиша во листата на стрелците, но му асистираше на Хорта кој во 66. минута го постави конечниот резултат. Претходно, пред крајот на првото полуврене Бруно Фернандеш ја донесе Португалија во водство.

Шпанија ја победи Грузија со 3-1, но триумфот остана во сенка на повредата на Гави кого најверојатно го очекува долга пауза. Босна и Херцеговина со пораз од Словачка на домашен терен го заврши очајниот циклус, а најинтересниот меч го одиграа Шкотска и Норвешка кои одиграа 3-3.

РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Словачка 1-2
Лихтенштајн – Луксембург 0-1
Португалија – Исланд 2-0
Шкотска – Норвешка 3-3
Шпанија – Грузија 3-1