Барселона забележа минимална победа на гостувањето кај Порто, но резултатот од 0-1 можеше да биде поинаков. Многумина сметаат дека португалскиот претставник е оштетен за пенал во самиот финиш.
Многу контроверзна ситуација се случи пред крајот на натпреварот, кога гостите беа во водство. Беше досуден пенал, но потоа одлуката беше променета.
Се играше 77. минута кога судијата Тејлор покажа на белата точка. Кансело играше со рака и беше досуден пенал за домашните. Очигледно беше дека Жоао Кансело играше со рака, но на крајот по проверката на ВАР, одлуката на англискиот судија беше променета и беше досудена игра со рака од фудбалерот на Порто на почетокот на акцијатСомнителна одлука имаше и на почетокот на натпреварот. Левандовски беше фаулиран, но не беше досуден прекршок. Колку е сериозна ситуацијата, доволно говори фактот што Полјакот ја напушти средбата во 34. минута.
Големата победа ја оствари Барселона кај Порто, благодарение на голот на Феран Торес.
Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, со златни букви влезе во историјата на Лигата на шампионите затоа што е најмлад стартер во елитата.
Играчот кој има 16 години и 83 дена се најде во првиот тим на каталонскиот тим на натпреварот против Порто и така стана најмладиот играч кој некогаш стартувал во натпреварувањето.
Претходниот рекорд беше на Селестин Бабајаро, кој во 1994 година стартуваше меч во Лигата на шампионите на 16 години и 86 дена.