Наполи оствари тешка, но многу важна победа на гостувањето кај Џенова од 2-1 во рамки на 2.коло во Серија А. Овој натпревар беше посебно интересен и за македонската јавност поради дуелот на Горан Пандев и Елиф Елмас.
Гостите го отворија резултатот во 39.минута со прекрасниот гол на Фабијан Руиз. Во второто полувреме, тренерот на Џенова, Давиде Балардини го внесе во игра Пандев, кој во 55.минута дури и постигна гол, но истиот беше поништен по реакција на ВАР, бидејќи имаше прекршок над голманот Мерет.
Елмас беше во почетниот состав на гостите и одигра добар натпревар, но херој на „наполитанците“ беше Андреа Петања. Корпулетниот напаѓач влезе во игра во 82.минута и само две минути подоцна погоди со глава за 1-2. Елмас излезе од игра во судиското продолжение на натпреварот.