Баерн Минхен оствари висока победа од 6-2 против Мајнц во рамки на 12.коло во Бундеслигата.
Серж Гнабри и Џамал Мусиала погодија за водство од 2-0 на Баварците. Садио Мане не реализираше пенал, но веднаш потоа ја смести топката во мрежа за 3-0 во 43.минута. Во судиското продолжение на првиот дел, гостите погодија преку Силван Видмер.
Леон Горецка зголеми на 4-1 за Баерн во 58.минута, а во листата на стрелци се запиша и младиот Матајс Тел во 79.минута, кратко откако го замени Мане на теренот. Маркус Ингвартсен намали на 5-2, а конечниот резултат 6-2 го постави Максим Ерик Чупо-Мотинг во 86.минута.
Баерн сега е на првата позиција со 25 бода, два повеќе од Унион Берлинг, кој утре го игра својот натпревар со Борусија Менхенгладбах на домашен терен.
Лајцпиг со 2-0 беше подобар од Баер Леверкузен. Кристофер Нкунку беше стрелец на првиот гол, а точка на победата стави Тимо Вернер.
На останатите натпревари, Волфсбург со убедливи 4-0 славеше над Бохум, а Штутгарт со гол во 91.минута го победи Аугзбург со 2-1.