Атлетико Мадрид оствари важна пбеда и освои три нови бода, против Селта во Виго со 1-0 во седмото коло од шпанската Ла Лига, а стрелец на единствениот гол беше аргентинецот Хулијан Алварез.

Селта беше подобар противник на теренот, создаде повеќе шанси и имаше посед на топката во своја корист, меѓутоа Атлетико притисна во второто полувреме, а конечно отпорот на домаќинот го скрши Алварез во 90. минута.

Во 90 минута на асистенција на Гризман стрелаше најголемото летно засилување Алварез.

Екипата на Диего Симеоне со оваа победа се искачи на третото место и има 15 бодови, односно два помалку од Реал Мадрид и шест помалку од лидерот Барселона.

Извонредно бранеше Облак, еве неколку фантастични одбрани на Словенецот.

https://twitter.com/i/status/1839392909571026953 https://twitter.com/i/status/1839392341540704541 https://twitter.com/i/status/1839399535983952080