Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен во завршниот дел од натпреварот го постигна израмнувачкиот гол за реми на Наполи од 1-1 против Барселона во првиот осминафинален меч од ЛШ,
Барселона беше подобра во првиот дел имаше тернска иницијатива, но не успеа да постигне гол, на одморот се отиде без голови.
По 15 минути игра во вториот дел, Левандовски убаво се снајде во шеснаесетникот на Наполи и постигна гол за водство на Барса од 1-0. Роберт Левандовски покажа со каков голгетерски инстинкт располага, бидејќи откако доби малку простор на пеналтикот веднаш со соилен удар ја затресе мрежата на домашните. По постигнатиот гол, за Барселона добра шанса имаше и Педри, но одбрани.
На 15 минути до крајот на дуелот, Осимен на асистенција од Ангиса реализираше за изедначување на 1-1, што беше и конечен резултат.
Дуелот меѓу Порто и Арсенал заврши со победа на Португалците, Галено во 94. минута постигна маестрален гол за триумф на домаќините,