Ливерпул го декласираше Евертон во градското дерби со 4:1 синоќа во рамките на 14. коло од Премиер лигата.

Избраниците на Јирген Клоп поведоа во 9. минута со голот на Џордан Хендерсон, а во 19. минута Мохамед Салах зголеми на 2:1. За Евертон намали Греј во 38, а Салах зголеми на два разлика во 64 минута. Победата на Ливерпул ја потврди Диого Жота во 79. минута.

Новинарот на Амазон, Прајм, по натпреварот разговараше со Салах, кој на крајот од разговорот беше замолен да даде коментар за седмото место во поредокот на изборот за Златната топка. Кога новинарот го запраша, Египјанецот умре од смеење и само рече:

https://twitter.com/SamueILFC/status/1466176993108631558?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1466176993108631558%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-salah-umro-od-smijeha-na-pitanje-da-komentira-7-mjesto-u-poretku-zlatne-lopte%2F2322568.aspx

“Немам коментар.”

„Во ред, ако продолжиш вака можеби ќе бидеш подобро рангиран следната година“, го прашал новинарот, а Салах одговорил:

“Се надевам дека е така. Никогаш не се знае. Ви благодарам.”