По катастрофата на минатата средба, екипата на Далас синоќа како да имаше полесен тренинг на гостувањето кај Њу Орлеанс. Предводени од Лука Дончиќ, тексашаните славеа со 139:107, а Словенецот оствари дабл-дабл уште во првото полувреме на средбата. На крајот Дончиќ финишираше со 28 поени и 14 асистенции.
Фантастичниот Јанис Антетукумбо го предводеше Милвоки до уште една победа во регуларниот дел од сезоната. Синоќа на домашен терен, Бакс славеа со 127:125 против одличниот Шарлот, само поради одличната форма која ја денонстрира Гркот, кој погоди во последниот шут на две секунди пред крајот на мечот. Јанис средбата ја заврши со дабл-дабл од 40 поени и 12 скока.