Македонската сениорска репрезентација не успеа да ја зачува предноста од полувреме и да ја победи Украина, со што ќе стигнеше до првиот триумф во светските квалификации.
Одигравме одлично во првото полувреме особено во дефанзива и успеавме да го запреме противникот на само 30 поени. На одмор заминавме со предност од 4 поени.
Третата четвртина ја одигравме лошо и му дозволивме на противникот да го презеде водството.
Како што одминуваа минутите, така паѓаше и концентрацијата на нашата одбрана, а згора на тоа противникот го покачи процентот на реализација. Особено во шутот за три поени.
На крај мечот влезе во мирна завршница и Украина победи со резултат 78:61
Најпрецизен за Македонија беше капитенот Крстевски со 14 поени.
Во февруари, на 24 во Тбулиси, и на 27 во Скопје, ќе ги играме мечевите од наредниот ФИБА „прозорец“’.