Само четири екипи не настапија во НБА ноќта ноќта пред Денот на благодарноста и кратка пауза. Ја издвојуваме победата на Лејкерси со враќањето на Џејмс, како и новото славје на Вориорс .

Првиот тим во НБА лигата пред првата помала пауза за Денот на благодарноста ќе биде Голден Стејт Вориорс кои на одмор заминуваат со сооднос 16-2. Тие ги декласираа Сиксерси со 116-96, кои се во сооднос 10-9 и се еден од 20-те тимови на половичен или подобар успех.

Вориорс до оваа победа дојдоа пред се преку одбраната.На полувремето Филаделфија имаше девет поени предност, но Вориорс офанзивно експлодираа во вториот дел и постигнаа 64 поени, а на противникот му дозволија само 35, од кои мизерни 12 во последната четвртина. Во нападот Стеф Кари постигна 25 поени и 10 асистенции.

Леброн Џејмс се врати во ЛА Лејкерс по суспензијата и веднаш го доведе тимот до победа во продолжението над Пејсерс и сооднос 10-10 без Ентони Дејвис.

По 112:112 во регуларниот дел, Леброн даде две тројки во продолжението и го насочи својот тим кон победа, а имаше вкупно 39 поени. Расел Вестбрук додаде 20, додека Малколм Брогдон имаше 28 поени за Пејсерси.

https://www.youtube.com/watch?v=wB6STKPbSIk

Феникс Санс, вториот тим на Западот и лигата, ја продолжија својата победничка серија на 14 последователни победи. Санс го совладаа Кливленд Кавалирс со 120-115 по голема борба со четирите слободни фрлања на Крис Пол во последните секунди.

Пол имаше 12 асистенции со 17 поени, додека Девин Букер постигна 35 поени. Кај Кавалирс, Џерет Ален постигна 25, а Чеди Осман додаде два помалку од клупата.

Првото место на Истокот по четвртата победа во низа се повеќе го држат Бруклин Нетс, кои лесно се справија со Бостон Селтикс и славеа со 123:104. Пети Милс имаше одлична шутерска вечер со седум тројки и 23 поени, а Дурент постигна 20 поени додека Џејмс Харден имаше 20 поени и 11 асистенции .

Новиот тренер на Сакраменто Кингс, Алвин Гентри стигна до првата победа на клупата. Бековското дуо Фокс-Хилд со 43 комбинирани поени ги предводеше кралевите, кои ги поделија силите во нападот и беа подобри со 125: 121 од Портланд, на кој не му беа доволни 32 поени од Лилард, но и 28 поени со 17 скока на Јусуф Нуркиќ. .

Шампионот Милвоки Бакс лесно го совлада Детроит Пистонс, победувајќи со 114:93 со 33 поени на Јанис Антетокунмпо, додека вистинско изненадување е Рокетс, најлошиот тим во лигата, кој ги победи Булс кои се на врвот на Истокот. Крис Вуд постигна 16 поени и 10 скока во победата од 118-113.

НБА:
Сан Антонио – Атланта 106: 124
Бостон – Бруклин 104: 123
Голден Стејт – Филаделфија 116:96
Сакраменто – Портланд 125:121
Хјустон – Чикаго 118: 113
Мемфис – Торонто 113:126
Милвоки – Детроит 114:93
Минесота – Мајами 113: 101
Њу Орлеанс – Вашингтон 127: 102
Кливленд – Феникс 115:120
Индијана – ЛА Лејкерс 116: 124 (продолжение)
Орландо – Шарлот 99: 106