Фудбалскиот коментатор Сиерд де Вос предизвика скандал на холандската телевизија.
Тој во пресрет на дуелот меѓу Бешикташ и Ајакс во петтото коло од Лигата на шампионите го навреди капитенот на домашниот тим Домагој Вида.
Де Вос го навредуваше хрватскиот дефанзивец додека тој како капитен се поздравуваше со капитенот на Ајакс , Душан Тадиќ и судиите.
„Вида во овој момент не смее да игра, бидејќи е премногу грд, а сега децата гледаат телевизија. Бешикташ мораше да плати за тоа и да побара посебна дозвола за Вида да игра“, изјави Де Вос.
https://twitter.com/i/status/1463570352257257478