Светскиот фудбал е завиен во црно, откако ноќеска дојде трагична вест за смртта на колумбискиот интернационалец Андрес Баланта, кој играше за аргентинскиот прволигаш Атлетико Тукумана.
Несреќниот фудбалер имаше само 22 години, а колабира среде тренинг, по што не помогнаа сите обиди за негова реанимација. Баланта е поранешен младински репрезентативец на Колумбија, а иако се уште нема официјална информација за причината за неговата смрт, многумина сметаат дека голем удел имало и времето, со оглед што екипата на Атлетико тренирала на 36 степени при голема влажност на воздухот.
Баланте и претходно колабирал на тренинг и тоа во 2019 година, кога се онесвестил поради ниското ниво на глукоза во крвта. Тогаш брзо дошол при себе, но овој пат ја немал таа среќа.