Лигата на шампионите подготвува револуционерни промени, барем според новинарите на британски „Тајмс“.
Британски дневен весник од извори блиски до челниците на УЕФА тврди дека зад новиот предлог за промена стојат претседателот на УEФА Александар Чеферин и лидерот на ПСЖ Насер Ал Келаифи. Тој е и претседател на Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА).
Она што е најавено е дека промените ќе стапат на сила од сезоната 2024/2025. Наместо 32, ќе играат 36 екипи, ќе се укине натпреварувањето по групи и екипите ќе играат во една група, според лигашки систем.
Така, секој клуб би имал најмалку десет натпревари против исто толку противници, по пет дома и на гостинска страна. На крајот од лигата осумте најдобри би отишле во осминафиналето, додека клубовите од 9. до 24. место би играле плеј-оф за осминафиналето.
Останатите 12 би испаднале од натпреварувањето. Ова беше најавено и претходно, а ново е дека се подготвува промена на крајот на натпреварувањето.
„Тајмс“ пренесува дека наместо елиминациската фаза во полуфиналето, ќе се игра фајнал-фор со по еден меч, по што би се добиле финалистите.
Фајнл-форот би се играл во еден град, сите три натпревари, двете полуфиналиња и финалето би се играло таму.
„Мислам дека тоа би било добро. Погледнете го Супербоулот, Американците одлично се забавуваат на ваков настан“, изјави Чеферин пред седум месеци.
Се верува дека ваквата одлука ќе биде донесена на Конгресот на УЕФА кој ќе се одржи на 11 мај во Виена.