За доскорешниот тим на Горан Пандев ова е прв триумф по дури шест месечна пауза, со што се стави крај на најдолгата серија без успех меѓу европската фудбалска елита. Победничкиот гол го постигна Портанова уште во 14. минута, а успехот на Џенова е уште поголем, ако се знае дека од 24. минута играше со играч помалку по исклучувањето на Остигард поради два жолти картони. Гостите имаа седумдесетина минути надмоќ на теренот, која не ја искористија, па дома си заминаа со наведнати глави поради четвртиот пораз во последните осум сушни меча во кои имаат и четири нерешени средби. Домаќинот до овој триумф имаше низа од дури седум средби во Серија А на кои одигра нерешено.
Овој триумф донесе и трошка надеж кај Џенова за опстанок во италијанската елита, со оглед што остана претпоследна, но сега со 22 бода колку што има Венеција, а три помалку од Каљари, кој е прв над линијата за опстанок.