Домаќинот одлично го почна мечот, па поведе со два разлика во првото полувреме со головите на Џони во 26. минута и на Тринкао во 11. минута од судиското продолжение. Но, Хименез во 54. минута направи голема глупост, па го доби вториот жолт картон во само десетина минути, што значеше играч повеќе за противникот. Доскорешниот тим на нашиот Езџан Алиоски тоа максимално го искористи, па во само три минути (63 и 66) изедначи на 2-2 со погодоците на Харисон и на Родриго. Потоа следуваше голем притисок на голот на „волците“, кој вроди со плод на стартот од судиското продолжение од второто полувреме, кога Ајлинг го постигна победничкиот гол.
Лидс останува на 16. место на табелата, но сега со 29 бодови, седум повеќе од Вотфорд, кој е прв под линијата која означува опстанок во Премиер лигата.