Бразилските медиуми во текот на неделата зборуваа за можно пензионирање на Луис Суарез поради хроничен проблем со коленото, информација која дополнително ја актуелизира и претседателот на Гремио.

Алберто Гера истакна дека Суарез ги трпи болките и останува времето да покаже до кога ќе може да игра во такви услови, но во период кога одредени медиуми почнаа да го испраќаат во пензија со најдобрите потези од играчките денови во Европа, „Ел Пистолеро“ одговори со гол и асистенција.
Гремио рано утрово ја надигра Коритиба во бразилската Серија А со 5:1 и славеше благодарение на четирите гола кои ги постигна во вториот дел, од кои два беа иницирани од Суарез.

Искусниот голгетер најпрво асистираше до Виласанти за 2:1, а потоа во 66-та минута мајсторски се снајде во свој препознатлив стил и лесно реализираше една стопроцентна шанса.

За Суарез ова беше 16-ти гол на 28-от настап за Гремио, што само зборува дека игра во страшна форма и покрај физичките проблеми кои ги има со коленото.

https://twitter.com/NicoSaavedra_/status/1673066383184220162?s=20