Напаѓачот на шпанскиот првак Барселона, Осман Дембеле е пред вратите на францускиот гигант ПСЖ. Раководството на францускиот првак влезе во завршни преговори со фудбалерот за негов трансфер во Париз.
Дембеле има клаузула во договорот што му овозможува да си замине од Барселона за 50 милиони евра до 1 август, а потоа сумата е двојно поголема, 100 милиони евра.
ПСЖ затоа брза да го склучи договорот до крајот на јули. За Дембеле е подготвен петгодишен договор, а тој би добил значително поголема плата од сегашната во Барселона.