Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Манчестер Јунајтед со 2-0 на пријателскиот наатпревар кој се одигра во Хјустон.

Ова за избраниците на Карло Анчелоти беше втора победа на вториот подготвителен натпревар за новата сезона, а истата беше одбележана со атрактивните голови на летните засилувања Џуд Белингем и Хоселу.
Белингем во 6 минута со мајсторски лоб го матираше Онана за водство на „кралскиот клуб“. Во 89 минута Васкез го проигра Хоселу кој летна во воздух и со ножички го потврди триумфот на шпанскиот прволигаш.

Следна пресметка за Реал е дуелот со Барселона, М.Јунајтед пак имаа соочување со бундеслигашот Борусија Дортмунд.