Српскиот фудбалер Филип Костиќ е најдобар играч на сезоната во Лига Европа.
Костиќ беше прогласен за играч на сезоната по освојувањето на Лигата на Европа со Ајнтрахт Франкфурт.
Во финалето учествуваше со асистенција, имаше вкупно шест во сезоната, најмногу во целото натпреварување.
Офанзивниот бек на српската репрезентација имаше две асистенции повеќе од конкуренцијата во ЛЕ сезоната, а посебно се истакна во финалето против Ренџерс.
Србинот ја неутрализираше опасноста од најдобриот играч на Ренџерс Џејмс Таверние во Севиља, а реализираше и пенал во пенал серијата со својата типична смиреност“, се наведува на сајтот на Лига Европа.
29-годишниот Костиќ настапи на 12 натпревари во ЛЕ и покрај шест асистенции имаше и три гола.
Трчаше 14,26 километри на меч, а најбрзо трчаше во финалето, 33,4 километри на час.