Вест Хем со 2-0 на гости ја совлада АЕК Ларнака и уште во првиот натпревар го реши прашањето за пласман во четвртфиналето од Конференциската лига.

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски во игра влезе во 77. минута во мечот.

Двата голови беа постигнати во првото полувреме, Антонио беше херојот на Вест Хем, даде гол во 36. минута за 1-0, и десет минути подоцна погоди за 2-0.

Мечот меѓу Андерлехт и Виљареал заврши нерешено 1-1.

Ница го победи Шериф Тираспол со 0-1, со голот на Ајуб Амрауи.