Караорман го победи Тетекс, „штофарите“ останаа на минус шест од сигурната зонаКараорман дојде до минимален триумф од 1-0 против Тетекс во натпревар од 19-то коло во Втората лига, оставајќи го еден од најголемите брендови во македонскиот фудбал на претпоследното место.
Човек на одлука во доста слаб натпревар беше Дебрешлиоски кога погоди во мрежата на Тетекс. Стружани запишаа нови три бода и сега имаат 26, а 13 над опасната зона со безмалку веќе обезбеден опстанок во второлигашката конкуренција, зашто многу тешко е дека оваа предност до крајот на сезоната ќе ја прокоцкаат.
Тетекс со поразот остана на 11-те бода сезонава и на минус шест од Локомотива Пехчево, која е прва над зоната за бараж и испаѓање, но скопскиот тим во ова коло не го одигра својот меч откако неслужбени лица ги натепаа тренерите на Беласица во скопската населба Синѓелиќ. На Тетекс му преостанува жестока и грчевита борба до крајот за да се спасат од испаѓање.