Дуелот во Минхен требаше да биде големо „Дер Класикер“ дерби, помеѓу Баерн (М) и Борусија (Д) но тоа беше само лесна задача за актуелниот шампион на Германија. Баерн без поголема мака ја совлада Борусија со 4:2 во дебито на Томас Тухел на кормилото на баварците.
Поранешниот предводник на Борусија (Д) тргна со ипресивни 3:0 за само 23 минути од стартот на мечот, кога веќе се беше јасно. Кошмарното прво полувреме за Борусија го најави голманот Грегор Кобел, кој прими необичен гол во 13. минута. Потоа во рок од десет минути Томас Милер постигна уште два гола во мрежата на несреќниот Кобел и натпреварот беше буквално решен.
На стартот на вториот дел Кингсли Коман погоди и за 4:0, па до крајот додека баварците се обидуваа да го однесат натпреварот во сигурен финиш, гостите преку Џан од пенал и Мален во последната минута успеаја да дојдат до достоен пораз.