Уште зимоска од Штутгарт најавија дека многу извесно е дека македонскиот офанзивец ќе се врати кај „швабите“ по завршување на заемот, иако потоа се појавија информации дека Шалке би можел да се реши да го откупи договорот, ама по сѐ изгледа нема ништо од тоа да се случи и Чурлинов ќе се врати во матичниот клуб.
Штутгарт пред две години го донесе македонскиот репрезентативец од Келн, но Чурлинов не доби преголема минутажа, па сезонава е дел од Шалке со кого е на добар пат да се врати во бундеслигашката елита.
„Позајмените фудбалери како Дарко Чурлинов (Штутгарт), Донг Гјеон Ли (Хјундаи Улсан) и Јарослав Михаилов (Зенит) немаат иднина во Шалке после летово и тие ќе се вратат во своите матични клубови“, објави ВАЦ.