Натпреварите ќе се играат на тренинг комплексот на ФФМ, а ќе бидат пренесувани и на регионалната телевизија „Спортклуб“.

„ФК Вардар е организатор на првото издание на „Вардар куп Скопје“, силен младински меѓународен турнир за играчи до 14 години на кој учество ќе земат топ 6 екипи од Балканот. Турнирот ќе се одржи од 26-29 мај оваа година и натпреварите ќе се одиграат на терените на нашиот тренинг камп и на тренинг комплексот на ФФМ“, истакнаа од ФК Вардар.