Во првото полувреме фудбалерите на двете екипи одиграа мизерен фудбал без многу шанси и возбудувања, Јапонија притисна во вторите 45 минути за да стигне до посакуваната победа и чекор кон осминафиналето, но нивните напади беа неуспешни, а сите три удари во рамките на голот ги одбрани Кејлор Навас.
Вистински шок за „самураите“ се случи во 81. минута кога Кејшер Фулер од 16 метри го испрати првиот удар кон голот на Јапонија и ја затресе мрежата за победа од 1-0 на Костарика.
Единствениот гол на натпреварот што можете да го погледнете ОВДЕ.
Шпанија, Јапонија и Костарика имаат по три бода во групата Е, додека Германија е без бодови, но вечерва игра против „црвената фурија“ во второто коло.