Тренерот на Барселона, Чави Ернандез јавно призна дека сака да го донесе на „Камп Ноу“ суперталентираниот Бразилец, Филипе Ендрик.
Ендрик е 16-годишен напаѓач на Палмеирас кој се смета за еден од најголемите таленти во Бразил во последните две децении и се наоѓа на мета на сите европски гиганти.
Прв кој направи конкретен чекор беше Реал Мадрид, претседателот на Кралевите, Флорентино Перез, разговарал со челниците на Палмеирас и им понудил да ја плати отштетата уште сега и да го остави Ендрик во наредните две години во Бразил бидејќи сè уште нема 18 години.
Чави денеска откри дека и тој контактирал со фудбалерот и неговите родители со цел да ги убедат да ја изберат Барселона.
„Да, точно е дека зборувавме со Ендрик и неговиот татко. Ги запознав со нашиот проект. Сакаме на „Камп Ноу“ да ги имаме талентите како што е Ендрик и сигурен сум дека би се вклопил во системот на игра на Барселона. Се надевам дека ќе ја избере Барселона“, изјави Чави.