Денешното трето коло носи дерби натпревари секогаш интересни за фудбалската јавност.
Во терминот од 18:30 Ливерпул го пречекува европскиот шампион Челзи. И двата тимови одично стартуваа и во моментов имаат остварено по две победи и се со идентична гол разлика 5:0. Клоп освен Милнер ги има на раполагање сите играчи, а во Челзи ќе недостасува Пулишиќ и Зоума.
Пред ова дерби во 13:30 закажан е натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал. Иако според традицијата ова треба да биде дерби натпревар, очајната форма на Арсенал ги прави “граѓаните” апсолутни фаворити на овој меч. Коефициентот за победа на Сити е 1.27. Во тимот на Гвардиола нема да играат Де Брујне, Фоден и Менди, а кај Артета сите поважни играчи ќе му боидат на располагање