Македонскиот репрезентативец, Енис Барди и дефинитивно ќе си замине од Леванте, а како што стојат работите и од Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во турскиот шампионат.
Барди се согласил за тригодишен договор со Трабзон, додека пак Леванте исто така пуштил рака со турскиот клуб и ќе добие сума од три милиони евра за фудбалерот од средниот ред.
„Марка“ пишува дека трансферот бил среден во многу брз период и играчот уште утре ќе биде во Турција за да се комплетира целата операција.
Барди ќе ја зголеми македонската репрезентативна колонија во Турција. Од пред неколку дена Езгјан Алиоски е член на Фенербахче, додека таму настапуваат и Лука Станковски кој игра во Газиантеп, Јован Манев и Арда Куртулан играат во Адана Демиспор, додека пак Валон Етеми го носи дресот на Истанбулспор.