Македонскиот првак Шкупи доживеа елиминација од Лигата на Европа откако загуби од ирскиот Шамрок Роверс со 1-2 на реваншот во Скопје. Тимот на Гоце Седлоски ќе игра во плејофот за групите во Конференциската лига на УЕФА, а ривал ќе му биде косовскиот Балкани или Клаксвик од Фарски Острови.
На Шкупи му беше потребен триумф, најавуваше офанзивна игра, но не успеа тоа да го претстави и на теренот на арената „Тодор Проески“.
Шамрок имаше подобри шанси, голманот Кристијан Наумовски спасуваше во првото полувреме, Фаустин Сенгор спаси сигурен гол, но, сепак, во вториот дел Шкупи потклекна.
Шамрок дојде во водство во 65.минута со голот на Рори Гафни. Тој шутираше од 25 метри и го совлада Наумовски.
Во завршницата, Шамрок постигна и втор гол во 85.минута преку Аидомо Емаку.
Сандеј Адетунџи пред самиот крај постигна гол за конечни 1-2.