Фулам не успеа да го сопре градскиот ривал Арсенал, кој славеше убедливо со 3-0, а Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра 0-0 против Саутемптон.

Екипата на Микел Артета жестоко стартуваше на натпреварот, гол постигна Робинсон, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, во 21. минута Габриел стрелаше за предност од 1-0 на „топчиите“.

До крајот на првите 45 минути голови постигнаа и Мартинели и Одегард, кои му обезбедија водство од 3-0 на Арсенал.

Арсенал остана на првата позиција со 66 бодови, односно пет повеќе од Манчестер сити.

Манчестер јунајтед на “Олд трафорд” одигра 0-0 против Саутемптон, но екипата на Ерик Тен Хаг се соочи со големи проблеми по црвениот картон на Касемиро.

Саутемптон имаше дури 18 шанси, но никој не успеа да го матира Давид Де Хеа, па двете екипи си поделија по еден бод.

На последниот меч Вест хем одигра нерешено1-1 против Астон вила.