Поранешниот фудбалер на Барселона, Оскар Мингуеза го шокира денеска Сан Себастијан и го остави Реал Сосиедад без победа, откако во 94-та минута од натпреварот даде гол за реми и голем бод на Селта Виго на гостувањето во Баскија (1-1).
Сосиедад после 22 минути игра поведе со гол на Андер Бареничеа и сѐ до самиот финиш беше блиску до прва победа, ама Мингуеза во четвртата минута од судиското надополнување погоди за разочарување на Басккијците.
Ова е второ реми во вториот натпревар за Сосиедад, кој и во воведното коло ремизираше 1-1 со Жирона и вторпат по исто сценарио. За Селта ова е прв бод после поразот од Осасуна минатиот викенд.