Вицешампионот на Англија, Ливерпул ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер – лигата откако славеше на домашен терен против Борнмут со 3-1. И покрај тоа што „црвените“ играа со фудбалер помалку од 58.минута поради исклучувањето на Мекалистер, сепак, стигнаа до конечен триумф.

 

https://ok.ru/video/6102435433178

Семенјо во третата минута донесе водство за Борнмут, но израмни Луис Дијаз во 28.минута. Мохамед Салах во 36.минута се погрижи за пресврт, откако погоди од одбиена топка по нереализиран пенал.

Мекалистер беше исклучен поради груб старт во 58.минута, а само четири минути подоцна Диого Жота зголеми на 3-1.

Брентфорд на гости го победи Фулам со 0-3, со двата гола на Мбеумо и погодокот на Виса.

Брајтон го совлада Вулверхемптон на гости со 1-4. Марч беше двоен стрелец, а реализираа и Митома и Еступињан.