Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди донесе предност за Македонија попладнево на Гибралтар после 20 минути игра во пресметката на „Викторија стадионот“, каде една голема грешка на Висар Муслиу ги замрзна сите, но Гибралтарците за среќа го промашија зицерот.

Барди ги казни Гибралтарците и за промашувањето и за лошото поставување после еден корнер, па со соло акција рутински погоди во мрежата. Претходно по осум минути игра Милан Ристовски погоди пречка во најзрелата шанса во првата половина од првиот дел.