Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски беше човек на одлука на натпреварот меѓу Хановер и Ерланген (28-27) кој се одигра во рамки на 32. рунда во Бундеслигата.
Средниот бек имаше феноменален натпревар и даде шест гола, а еден од нив беше за победа. На нешто околу петнаесетина секунди пред финишот Кузмановски го даде голот вреден триумф на Хановер.
Кузмановски заедно со Мартиновиќ го делеа врвот на листата на стрелци кај Хановер со по шест гола, додека кај Ерланген, Штајнер заврши со осум постигнати гола.
На останатите натпревари Кил дома беше подобар од Хамбург (29-22), Фуксе Берлин го доби Минден (35-25), додека Лемго пред својата публика освои целосен плен со Флензбург (30-25)