Екипата на Монпелје одиграа одличен натпревар и неочекувано лесно и убедливого совладаа Кил со 37:30.
Во текот на целата средба екипата на Монпелје доминираше и целосно го имаше под контрола натпреварот. Уште во првите 30 минути успеа да создаде четири гола предност. Направи резултат од 18:14 што беше сосема доволно да може во продолжение од натпреварот да игра поопуштено и да ја одржи стекнатата предност .
Монпелје имаше целосна контрола и постојано го зголемуваше водството. Во финишот само беше потребно мирно да се дојде до крајот, а бодовите без поголеми проблеми останаа во Франција.
Марин Шего беше одличен на голот забележа 13 интервенции. Осум гола имаше Вилемино, а седумпати прецизен беше Бос. Во тимот на Кил, Дарио Квенштет имаше седум одбрани, а Ландин четири. Деветпати прецизен беше Никлас Екберг, а пет гола постигна Сагосен со ефикасност под 50 проценти.
Монпелје е следниот ривал на Вардар на 13 октомври.