Унгарскиот Ференцварош е вториот патник во финалето на ЛШ, откако го совлада Есбјерг со 30-29 во драматична завршница. До триумф дојде после пресврт, откако по првото полувреме имаше негатива од четири гола (13-17), а потоа во неизвесна завршница со голот на Емили Белк од десет метри го сруши Есбјерг за голема радост.

Во составот настапуваат екс-вардарките Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ. Со тоа што првата постигна пет гола од седум обиди, додека втората не успеа да се запише во листата на стрелци. Ангела Малестеин со седум гола беше најдобра кај ФТЦ, додека во редовите на поразениот состав Нора Мерк постигна седум погодоци.

Финалето се игра во недела, а таму ги чека Вајперс Кристијанштад .