Вчера се одигра второто коло во Европската лига на ЕХФ, а во традиционалниот избор на најдобри голови се најдоа Кирил Лазаров од Нант и Јосип Периќ од Еурофарм Пелистер.

Нашиот капитен и селектор го има петтиот најатрактивен гол откако реализираше со „цепелин“ на дуелот против Лемго. Јосип Периќ пак е на второто место откако во последната секунда со својот „проектил“ му донесе бод на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен.