Баварците настрадаа против незгодниот противник, а во 21. минута имаше негатива од три гола.
Коне со еден и Бенсебиани со два гола ја донесоа предноста за домаќините која беше актуелна на полувреме, а противникот беше дотолчен со два погодока на Емболо во вториот дел.
Баерн иако со силен состав, не успеа да постигне ниту еден гол и долго ќе ја памети „петардата“ која ја прими на гостувањето во националниот куп.