Швајцарија беше на раб на амбисот и блиску до прв пораз во квалификациите за следното ЕП, но со чудесен финиш се избори за реми против Белорусија (3-3). Со овој бод, Швајцарците остануваат на лидерското место во групата И со 15 бода, два повеќе од Романија, а четири од Израел, кој има еден натпревар помалку.
Првата ѕвезда на домашните, Џердан Шаќири во 28. минута ја отвори голеадата во Сент Гален и донесе водстсво за Швајцарија од 1-0.
Во вториот дел Белорусија тргна моќно и со три гола за 23. минути го шокираше домашниот состав, но во финишот се случи вистинско чудо. Во 89. минута Аканџи намали на 2-3, додека една минутa подоцна Амдоуни ги постави конечните 3-3 и за Швајцарија донесе голем бод.
Репрезентацијата на Чешка со голот на Соучек и 1-0 славеше над Фарски Острови. Грузијците триумфираа со 4-0 над Кипар.