Кристијано Роналдо конечно проработи и покажа дел од својот голгетерски репертоар во Саудиска Арабија. Тој ги постигна сите четири гола за Ал-Наср во победата на гости (0-4) против Ал Вехда.

Роналдо во 21.минута погоди за водство, а во 40.минута зголеми на 0-2.

Португалецот во ист ритам продолжи и во второто полувреме. Во 51.минута реализираше пенал, а десет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Ал Вехда.