Лидерот во НБА Лига Денвер доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Орландо кој е еден од послабите во лигата, домаќините победија со 115-104,  додека Милвоки Бакс го совлада Лејкерс во Лос Анџелес со 115-106.

Двајца кошаркари на Денвер имаа дабл-дабл учиноци, но Орландо со тимска игра дојде до победата.

Најдобар во составот на Денвер беше Гордон со 37 поени и 13 скокови, Јокиќ имаше 29 поени и 12 скокови. Најефикасен кај Орландо беше Картер со 19 поени.

 

Адетокумбо со 38 поени и 10 скокови го предводеше Милвоки до победа против Лејкерс во Лос Анџелес.

Поради повреда овој меч го прескокна Леброн Џејмс. Кај Лејкерс се истакнаа Шрудер со 25 поени и 12 асистенции и Ентони Дејвис со 23 поени и 16 скокови.