Кошаркарите на белградски Партизан го победија Монако на гостински терен по вистинска драма со 88:84 и обезбедија место во Топ 8 на завршницата во кошаркарската Евролига. За Партизан ова беше 19-та победа во 33 кола и ќе биде дел од елитната завршница во најсилната кошаркарска лига во Еврипа.
Дуелот во Монако беше преполн со многу пресврти. Монако поведе со 12:2, а интересно е дека пред крајот на полувремето, Партизан водеше со двоцифрена предност од 42:32. Највисокото водство на Партизан беше од 53:38, но тоа не значеше и победа се до крајот на пресметката.
Монако се врати во водство пред крајот, кога резултатот беше 76:75 за домаќините. При водство на Монако од 80:79, Партизан со низа од 5:0 стигна до предност која на крајот се покажа како доволна за триумф.
На натпреварот присуствуваше и тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ.
Останати резултати: Панатинаикос – Алба Берлин 84:88, Милано – Барселона 84:76.