Кошаркарите на Олимпија Милано ја остварија петтата победа во првенството откако ја совладаа Венеција со минимални 79:78.

Одново и во овој натпревар најдобар на теренот беше македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок.

Димитријевиќ со 17 поени беше најефикасен во редовите на Олимпија Милано, но додаде и уште десет асистенции, а имаше и еден скок.

Најефикасен на натпреварот беше Мифонд Кабенгеле од редовите на Венеција со еден поен повеќе од Димитријевиќ. На табелата Олимпија по овој триумф се наоѓа на четвртата позиција.