Литванците подобро го започнаа натпреварот и освен почетните 1-2 водството во првиот дел констатно беше на нивна страна. Набрзо по пресвртот Литванија со неколку мини-серии дојде и до предност од четири гола разлика (9-5).
Второто полувреме донесе изедначена игра, а ние за првпат по подолго време успеавме да поведеме со 14-15. Во продолжение се играше „гол за гол“ и ниту една од репрезентациите не дојде до два гола предност.
Домаќинот во 54. минута успеа да дојде до два гола предност. Токму тие моменти веројатно и го одлучија победникот, Македонија до крајот не успеа да се врати и го запиша првиот пораз во квалификациите.
Херој на Литванија беше голманот Рашимас кој оствари дури 14 одбрани, а за Македонија не помогнаа десетте одбранети удари на Марко Кизиќ.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со осум гола, Пешевски и Серафимов имаа по пет. На спротивната страна со по седум гола најефикасни беа Маласинскас и Антанавичиус.
Пред три дена на домашен терен бевме подобри од Естонија со 37-33.