Родригез во 13. минута погоди за предност на Селта, но потоа Витор Роке израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме.
Гостите повторно ја имаа предноста со гол во 83. минута, но потоа на сцена настапи Марк Бартра кој во 95. минута обезбеди бод за Бетис.
Бетис остана на шестата позиција со 20 бодови, додека Селта има 17 поени на деветтото место.