Фудбалерите на ПСЖ впишаа нови три бода, откако од гости кај Авр се враќаат со победа од 0-2 (0-1).

Парижаните се во одлична серија во домашниот шампионат и денешниот триумф беше очекуван, но до истиот стигнаа со многу проблеми и со играч помалку уште од раната фаза на натпреварот.

Првото големо возбудување на мечот се случи во десеттата минута кога Донарума остро, во карате стил стартуваше надвор од својот шеснаесетник и заработи директен црвен картон.

Во десеттата минута, по една конфузија со одбранбените фудбалери, Донарума доцнеше при избивањето на топката и со копачката го удри противникот директно во главата. Епилогот беше очекуван – исклучување.  Но, и покрај тоа ПСЖ доминираше на теренот, а своите шанси ги искористија Мбапе и Витиња, за конечна победа на шампионот од 0-2.

Во следното коло ПСЖ го чека дерби дуел со Нант, а потоа следува главната битка за осминафинале во Лигата на шампионите, против Борусија Дортмунд на гости.