Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до голем триумф (4-3) против Фулам на „Енфилд Роуд“ иако во 87.минута имаше негатива од 2-3. Но, „црвените“ успеаја во „луда“ завршница да израмнат со голот на Ендо, а потоа постигнаа и победнички погодок преку Трент Александер-Арнолд.
Трент беше стрелец и на првиот гол на натпреварот во 20.минута, а израмни Хари Вилсон пет минути подоцна.
Мекалистер постигна прекрасен гол за водство на Ливерпул, но Тете не дозволи Фулам да губи на полувреме.
Де Кордова-Реид во 80.минута се погрижи Фулам да има водство на „Енфилд“, но Ливерпул не дозволи да ги загуби бодовите.