Луис Назарио де Лима Роналдо за многумина и понатаму е најдобриот фудбалер на сите времиња. Легендарниот Бразилец ги одбележа фудбалските деведесетти, а без неколку тешки повреди можеше да има многу поголема кариера.

Роналдо двапати беше светски шампион со Бразил (1994 и 2002 година), а го носеше дресот на Милан, Интер, Барселона, Реал…

Ил Феномено беше прашан од новинарите кој е најдобриот играч на сите времиња за него. Бразилецот не можеше да се одлучи само за еден, па избра четири.

„Ако ме прашувате мене, четворицата најдобри играчи во историјата се Пеле, Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, рече Роналдо.

Роналдо моментално е сопственик на шпанскиот второлигаш Валјадолид, но е во процес на откупување на мнозинските права на бразилскиот второлигаш Крузеиро каде и започна со својата кариера.