Најдобриот Македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев се повлече од националниот тим по крајот на Европското првенство, но има добри наследници. Македонија ја сруши Италија (0-1) на гости, во баражот за Мундијалот.
По дуелот на стадионот „Ренцо Барбера“, популарниот Гранде Пандев не ги заборави довчерашните соиграчи и им го честита незапаметениот успех во земјата каде тој се изгради како фудбалер и го доби статусот на ѕвезда.
„ХЕРОИ!“, напиша Горан Пандев на социјалната мрежа „Инстаграм“ и сподели фотографија од националниот тим. Резултатот и тоа како е херојски, ако се земе предвид дека Италијанците се четирикратни светски шампиони.
„Аѕурите“ се вториот светски шампион на кој Македонија му зеде скалп во една година на гости. Претходно, на своја кожа тоа го почувствува Германија во Дуизбург(1-2).