Плоштадот во Скопје ноќва буквално гори од пиротехничките средства кои пресреќните спортски вљубеници ги горат во чест на историскиот триумф на македонските фудбалери вечерва против Италија (1-0) во Палермо.

Веќе неколку илјади Македонци од сите националности и вероисповеди се собраа на местото каде што изминатава деценија се слави секој спортски успех.

 

Ечат навивачки и патриотски песни, а неизоставна е итрадиционалната „Излези момче“, која се извикува со посебен шмек и радост.